свет

„Блокирањето на помошта во храна за Газа од страна на Израел е воено злосторство“, истакна Шведска

- Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, изјави дека е разочарана што шведската помош не стигнува до оние на кои им е потребна во Газа и истакна дека употребата на овој метод од страна на Израел е воено злосторство

Atila Altuntaş  | 12.06.2025 - Обновена : 13.06.2025
„Блокирањето на помошта во храна за Газа од страна на Израел е воено злосторство“, истакна Шведска

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, изјави дека е разочарана што шведската помош не стигнува до оние на кои им е потребна во Газа и истакна дека употребата на овој метод од страна на Израел е воено злосторство, известува Анадолу.

Стенергард на прес-конференција во главниот град Стокхолм истакна дека Шведска ја удвоила својата хуманитарна помош за Газа.

Изразувајќи го своето разочарување што Израел ја блокира помошта да стигне до Газа, Стенергард рече:

„Важно е храната, лековите и водата да стигнат до цивилното население. Користењето на ова како метод на борба е воено злосторство.“

Потсетувајќи дека шведската Влада ја повикала Европската Унија (ЕУ) да воведе санкции врз некои екстремистички министри во израелската Влада, Стенергард продолжи со зборовите:

„Им пишавме на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, да воведеме санкции врз некои од министрите во израелската Влада кои отидоа предалеку. Гледам сосема поинаков став кон Израел во Европскиот совет во споредба со пред неколку недели. Многу поголемо разочарување, и некои земји презедоа многу значајни чекори за да извршат поголем притисок врз израелската Влада. Од таа причина не сакам ништо да исклучам, но знам дека ќе биде тешко да се постигне консензус.“

Зборувајќи дека ги виделе ужасните слики од децата што страдаат во Газа и се неверојатно разочарани од тоа, Стенергард истакна:

„Шведска ќе продолжи да инсистира на санкции од ЕУ кон екстремистичките министри кои ја продолжуваат политиката на нелегални населби и активно се спротивставуваат на идното решение за две држави. Шведска, исто така, ќе ги поддржи напорите за воведување дополнителни санкции на ЕУ кон екстремистичките доселеници кои вршат акти на насилство врз цивилите.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın