Пожар и експлозии на брод што тоне за време на спасувачката мисија од Индија
- Избувна пожар и одекнаа експлозии на бродот што плови под знамето на Сингапур, а индиската морнарица и крајбрежната стража веќе втор ден водат спасувачка мисија кај јужниот брег на Индија

СКОПЈЕ (АА) - Настана пожар и одекнаа експлозии на бродот што плови под знамето на Сингапур, а индиската морнарица и крајбрежната стража веќе втор ден водат спасувачка мисија кај јужниот брег на Индија, јавува Анадолу.
Бродот доживеал несреќа на околу 144 километри од брегот на јужната индиска држава Керала.
Од бродот пријавиле внатрешна „експлозија на контејнер“ и последователен голем пожар. Потоа морнарицата и индиската крајбрежна стража распоредиле бродови и авион од типот „Дорние“ за да им ја укажат потребната помош на повредените членови на екипажот, а исто така и да го стават пожарот под контрола.
Од вкупно 22 члена на екипажот, спасени се 18 лица, а четворица сè уште се водат како исчезнати. Индиските власти продолжуваат со интензивни потраги по нив, со помош на ангажираните морнарички и воздушни сили.
Крајбрежната стража соопшти дека и понатаму има пожар и експлозии, особено од средишниот дел на бродот до просторот со контејнери пред сместувачкиот блок. Според информациите на Државната служба за управување со катастрофи на Керала, бродот превезувал повеќе од 650 контејнери.
Денес властите соопштија дека го ослободиле „опасниот товар на бродот“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.