свет

Протест во Њујорк против американската Служба за имиграција и царина, приведени десетици демонстранти

Aida Cako  | 11.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Протест во Њујорк против американската Служба за имиграција и царина, приведени десетици демонстранти

Њујорк

ЊУЈОРК (АА) - Десетици демонстранти беа приведени синоќа за време на протест против американската Служба за имиграција и царина (ICE) во долниот дел Менхетен, јавува Анадолу.

Демонстрантите се собраа на плоштадот „Фоли“ пред да маршираат до Федералниот плоштад, блокирајќи ги улиците и извикувајќи слогани во кои ги осудуваат политиките на ИЦЕ.

Протестите избувнаа уште во петокот, откако агенти на ИЦЕ извршија рации во локални бизниси и приведоа стотици лица за кои се сомневаат дека живеат нелегално во САД.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп продолжува со овие рации и покрај жестокото противење од страна на локалната заедница.

Критичарите на овие акции велат дека ИЦЕ има на нишан луѓе кои иако се без документи, живеат мирен живот и се важен дел од заедницата и локалната економија, наместо криминалци, за кои Трамп вети дека ќе ги депортира за време на кампањата минатата година, пред повторно да се врати во Белата куќа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.